Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на вечерниот тренинг на машката ракометна репрезентација на Македонија, која во спортската сала „Автокоманда“ во Скопје се подготвува за претстојното Светско првенство.
„Работниот дел од денот го завршив на тренинг заедно со Борко, раководството на Ракометната федерација на Македонија, Стручниот штаб на ракометната репрезентација и со македонските лавови, ракометни репрезентативци. Последните тактики и насоки од Кире прават невозможното да стане возможно. Овие момци ќе го остават срцето на терен.
Тренингот заврши со познатиот спортски поздрав…, за когоооо? За Македонијаааа. Среќно лавови…“, објави Мицкоски на социјалните мрежи