По изјавата на претседателот на Европска комисија, Жан-Клод Јункер, дека Србија и Црна Гора би можеле да станат членки на Европска унија до 2025 година, српскиот претседател Александар Вучиќ ја спушти летвичката за две години.
„Изјавата на Јункер е многу ветувачка. Изгледа првпат добивме јасна визија за нашата иднина. Мислам дека тоа е можно, не ветувам, но мислам оти е можно да станеме членка на ЕУ до 2023 година. Не остануваат уште многу нешта што треба да бидат направени не само од политичката елита, туку и од општеството“, изјави Вучиќ.
Истовремено, косовскиот премиер Рамуш Харадинај си постави цел за добивање статус кандидат за ЕУ в година.
„Ќе бараме статус на кандидат, но статус на заслуќен кандидат. Очекуваме дека идната година ќе се пријавиме, затоа бараме поинтензивни билатерални односи со ЕУ“, изјави Харадинај на конференција за европската агенда на реформите, организирана од Група за истражување на политиките на Балканот.