Актот на повлекувањето на српските дипломати од Скопје е нетипичен пример на дипломатски односи и говори за нервозата во Белград по потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Бугарија, смета поранешниот заменик министер за надворешни работи на Бугарија Љубомир Кучуков во интервју за бугарските медиуми.
Кучуков кој во 2008 година бил автор на првиот предлог текст на договорот меѓу Скопје и Софија вели дека една од причинита за ваквите нерационални потези на Белград е тоа што Македонија спроведува поактивни политички чекори за нормализирањето на односите со Бугарија, Грција и Албанија.
Според бугарскиот дипломат овие чекори Македонија можат да ја извадат од изолација.
Друга важна причина за повлекувањето на српските дипломати според Кучуков е тоа што Македонија прави поактивни напори за влез во ЕУ и НАТО што доколку се случи ќе ја стави Србија во заден план како аспирант за членство во Европската Унија што може да се одрази и во нејзината надворешна но и внатрешна политика.