Македонската фудбалска селекција до 21 година загуби по цели две години, а поразот ни го нанесе соодветната репрезенатција на Србија со 2-0. Мечот во Скопје беше дел од квалификациите за ЕП во 2021 година и во групата 7 во која ние сега имаме победа од Ерменија и пораз од соседот.

На терените на спортскиот комплекс „Петар Милошевски“ избраниците на Благоја Милевски брзо го загубија мечот бидејќи гостите дадоа гол во 22 минута преку Лукиќ, а конечните 2-0 го постави Живковиќ во 37 минута. Ова е патем и прв неуспех по три години на домашен терен за нашата најуспешна фудбалска селекција, а следниот нејзин натпревар е на 10 октомври со Гибралтар на гости.


https://youtu.be/pBhFlRPFrCc