По урнек на Македонска православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), најголемата верска организација во Србија ќе се преименува во Српска православна црква-Пеќка патријаршија, пишува српскиот весник „Вечерње новости“.
Промената на официјалното име на СПЦ се објаснува со желбата да се засили врската со нејзиното историско средиште во Пеќката патријаршија, но и со Косово и Метохија, како најважен дел на нејзината јурисдикција, објаснува весникот.
Покрај оваа новина во Уставот на СПЦ, на заседанието на Светиот архиерејски собор во средината на мај ќе биде поедноставена и процедурата за избор на патријархот, за кој ќе се одлучува со тајно гласање, со обврзувачко двотретинско мнозинство.
Избраниот кандидат ќе носи и нова титула: архиепископ пеќки, митрополит белградско-карловачки и патријарх српски и на поморските земји.