Спречен шверц со нафта од Македонија во Албанија

Три камиони со по 600 литри нафта скриена во дополнителни цистери откриле полицајците на граничниот премин „Ќафасан“ на албанско – македонската граница, кај Струга, дознава 360 степени

Според Полицискиот комесаријат-Корча, уапсени биле три лица што се обиделе да ја прошверцуваат нафтата од Северна Македонија во Албанија.

Нафтата била откриена при преглед на секој од камионите што ги управувале трите лица.

„По извршени процесни дејствија, приведени се Д.Г. (36), Е.П. (40) и Г.Л. (27), сите тројца жители на Поградец, за сторени кривични дела трговија и пренесување шверцувана стока, складирање или депонирање на шверцувана стока и криумчарење со стоки за кои се плаќа акциза или со целосно или делумно суспендирање од царина или акциза“, велат од Полицискиот комесаријат во Корча.