Рускиот државен медиум „Спутник“ предвидува дека Балканот може да влезе во ЕУ до 2024 година.
Во текстот на оваа тема рускиот портал цитира изјава на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан кој не ја исклучува ваквата можност, сите балкански земји да бидат „абсорбирани“ од унијата пред 2024 година.
Неговите коментари според Спутник сугерираат дека ЕУ би можела да ги занемари политичките пречки за да обезбеди нов бран проширување.
Во текстот се дава преглед на состојбата со евроинтеграциите во регионот а за Македонија се вели дека сите грчки влади од 1940 година имале проблем со именувањето на овој дел од Балканот како Македонија затоа што сметаат дека името е украдено од грчката историја.
Спутник во текстот не нарекува Поранешна Југословенска Република Македонија и индиректно најавува дека полека ја менува својата позиција за признавање на македонското уставно име (читај тука на оваа тема)
Според Хан како што коментира Спутник сега има нов моментум кој што може да го реши спорот за името и со тоа да започне процесот на влез на Македонија во ЕУ и членство во НАТО, опции кои што не се во интерес на Москва поради нејзините декларирани интереси во овој дел од Европа.
Во текстот се прави анализа и за другите западно балкански земји и можноста и тие да станат дел од НАТО и ЕУ.