На свеченост организирана од општина Пустец денеска на плоштадот во оваа општина ќе биде откриена спомен-биста на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Поздравни обраќања се најавени од градоначалникот на општината Пали Колефски, претседателот на македонската партија – Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, министер-советникот во македонската Амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу, како и претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, кој и на својот фејабук профил ја објави веста.