Спиеш ли мирно Манчевски – Партизација на здравството или обичен триумфализам

Директори и лекари членови на ДУИ денеска триумфално ја слават победата на нивната партија на локалните избори на своите работни места каде што според законот за јавна администрација не смее да се спомене ни П од партија.

На една од сликите на социјалните мрежи на која е и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи кој и самиот е лекар, се испраќаат партиски пораки од објект на јавното здравство што е недозволиво и казниво за вработени во државната администрација.

Партиската пропаганда на ДУИ од клиничкиот центар Мајка Тереза не е навредлива провокација само за членовите на БЕСА и Алијансата на Албанците кои загубија на изборите во директен дуел со ДУИ туку и за сите граѓани кои што се лечат во јавното здравство.

Европските претставници токму на вицепремиерот Османи во неколку наврати му порачаа дека на Македонија не и е потребен политички триумфализам а уште помалку партизација на администрацијата, особено во секторите каде се даваат директни услуги за сите граѓани.

На ред е министерот за јавна администрација Дамјан Манчевски и премиерот Заев кои треба во корен да ги сосечат ваквите појави на нивните коалициони партнери.

Во спротивно и за нив законот ќе биде само “тоалет хартија”