Македонскиот пасош е рангиран на 40-то место според индексот на најмоќни патни исправи во светот за 2025 година, на британската консултантска компанија Хенли & Партнерс.
На индексот за пасоши на Henly Passport Index за 199 земји, највисоко е рангиран пасошот на Сингапур бидејќи овозможува патување без визи до вкупно 195 од 227 дестинации ширум светот, давајќи им на Сингапурците најнеограничен пристап за патување од која било друга нација во светот.
Следна е Јапонија, која се искачи од третото место на рангирањето во 2025 година. Јапонскиот пасош отклучува безвизен пристап до 193 земји.
Македонија го дели 40. место со Црна Гора и Маршалските Острови.
Од регионот најдобро позиционирани се Грција на шестото и Словенија на 10 место. Хрватска е на 11-то, Бугарија е 15-та, Србија 34-та. Пасошот на Албанија е на 43 позиција, на Босна и Хeрцеговина на 44, а на Косово е 63-ти.