Вештачката интелигенција донесе извонреден напредок во обработката и креирањето на фотографиите, правејќи ги подинамични и „живи“.
Личностите како Скендербег, Адем Јашари, Иса Болетини и други се „оживеаја“ преку импресивни анимации кои го привлекоа вниманието на корисниците на социјалните мрежи, пишува Телеграфи.
Овие креации не само што претставуваат нов начин за почитување на историјата и културата, туку и ја демонстрираат моќта на вештачката интелигенција во зачувувањето и збогатувањето на нашето наследство.
Со помош на напредни алгоритми со вештачка интелигенција, статичните фотографии сега можат да се анимираат, додавајќи движења на лицето, насмевки или дури и имитации на гласот.
Интересен пример за употреба на оваа технологија може да се види на платформата TikTok, каде профилот со име “Reanimatori“ создаде извонредни слики на албански историски личности.