Земји сојузнички на Украинасобрале пари за купувањена 800.000 гранати за Украина, објави Блумберг.
Според агенцијата проектилите може да се купат во трети земји и да се испорачаат во Украина во рок од неколку недели.
Во февруари на конференцијата во Минхен, чешкиот претседател Петр Павел објави дека неговата земја пронашла 800.000 гранати надвор од Европа – половина милион калибар од 155 мм и 300.000 калибар од 122 мм, кои земјите кои ги поседуваат се подготвени веднаш да ги продадат.
Чешка започна со собирање средства и ја координира оваа операција, а средства се подготвени да дадат и Германија, Франција, Полска, Канада, Холандија, Данска, Летонија и Литванија.