Бугарското министерство за надворешни работи  упати јавно сочувство по повод смртта на „една од водечките јавни бугарски фигури од Македонија“, пренесува Бугарската државна новинска агенција БТА.

Во објавата за медиумите се вели дека поетот, новинарот, и јавна личност Панде Ефтимов кој почина во неделата на возраст од 85 години бил еден од најактивните членови на Бугарскиот културен клуб во Скопје и организирал прослави на личности и настани од заедничката историја на Бугарија и Македонија.

Како што пренесува БТА во едно од своите последни интервјуа Ефтимов изјавил: Јас не правам разлика меѓу Македонија и Бугарија, никогаш не цртам линија меѓу нив“.