Остануваат уште 21ден да се оствари прогнозата на американскиот мултимилијардер и берзански шпекулант.  Пред повеќе од една година тој за британските медиуми предвиде дека Русија ќе банкротира во 2017 година поради високите долгови и ниските цени на енергенсите, тврдејќи во исто време дека Владимир Путин ја користи кризата со мигрантите за да ја дестабилизира Европската унија.

„За режимот на Путин, најефективниот начин да избегне колапс е да се осигура дека Европската унија ќе пропадне пред тоа“, рече тогаш Сорос.

Таа „дијагноза“ главно ги насмеа руските финансиски експерти, кои велат дека финансиските пазари не регистрираа посилни шокови, а руската економија не е во состојба пред банкрот.

„Сорос е многу успешен трговец, но тој се покажа како некомпетентен макроекономист, кој воопшто не се разбира во економијата на земјата. Тој тргнува од неговите политички ставови и е познат по својата омраза кон Русија“, вели Михаил Бељајев, главен економист во Институтот за пазарот на фондови и администрација.
Експертот вели дека странскиот капиталсе враќа во Русија благодарение на позитивните трендови во економијата на земјата. Аналитичарот забележува дека Сорос не го зема предвид менталитет на рускиот човек: Кога ситуацијата во светот е алармантна, дел од населението, особено од постарата генерација, сфаќа дека е поважно да се избегне ескалација и војни, отколку да се има повисоки приходи

Од друга страна, рускиот експерт Иван Данилов во својата анализа се осврна на изјавата на Сорос дека „Путин птставува поголема закана за Европа отколку ИСИС“. Ваквите изјави особено се особено интересни ако се земе предвид фактот дека организацијата на Сорос беше вклучена во големиот и незаконски „увоз“  на мигранти од Блискиот Исток во земјите на Европската Унија.

Покрај тоа, Сорос изјави Данилов, ја потцени руската армија, која во рекордно време ги „исчисти“ непријателите во Сирија, а сирисската криза од проблем се претвори во извор на дополнителни приходи за Москва, бидејќи нземјите на ОПЕК сега се цврсто убедени дека вреди да се сораборува со Кремљ, дури и ако Белата куќа силно се спротивставува на ова.

Пред три дена руската војска соопшти дека ја исполни својата мисија за ликвидирање на ИСИС во Сирија, а вчера пораз на таканарената Исламска држава прогласи и Ирак.