Сопругата на лекарот од љубовното видео тврди: Бевме уценувани со илјадници евра за секс снимката да не биде објавена

Сопругата на лекарот од љубовното видео кое беше на кратко објавено на социјалната мрежа Х тврди дека и таа и сопругот биле уценувани при што им биле барани илјадници евра за снимката која што не е автентична да не биде објавена.

Во видеото кое се појави минатата недела се гледа како лекарот и директор на важна клиника е во љубовна ситуација со засега за пошироката јавност непознато лице од женски пол.

Сопругата сега најавува дека ќе достави поднесок до МВР или обвинителството од каде ќе се бара прогон на тој што го снимил и објавил видеото за кое треба допрва да се утврди автентичноста на снимката која беше објавена.

Сопругата е згрозена од јавноста која според неа се сити во однос на секс скандалот.

,Во контекст на објавувањето на ВИДЕО на една социјална мрежа, каде е буквално ставен на јавен ЛИНЧ и отстрел мојот сопруг, да ве информирам како мои пријатели дека ќе биде доставен ПОДНЕСОК до соодветни институции за да се истражи автентичноста на снимениот материјал заради претходно доставена ИЗНУДА/УЦЕНА во неколку наврати (илјадници евра), и до сопругот и до мене, за истото да не биде објавено.

Ме згрозува јавноста која не може да се соземе и насити од сопствените фрустрации и морализирање на она што го засега само и САМО НАШЕТО СЕМЕЈСТВО, без притоа да помисли каков стрес, трауми и последици ќе настанат кај нашите две ДЕЦА (од кои едниот е малолетен).

Јас сум пред се МАЈКА, но и жена која секогаш солидно и цврсто се носи со секаков товар во животот, но децата се уште го учат и осознаваат ова за жал многу фрустрирано и извртоперено општество во кое секој си дозволува да суди, коментира, сожалува и навредува согласно настанот, без никакво право да се меша во приватниот живот на едно семејство.

Се надевам дека органите ќе бидат професионални за да истражат што поскоро кои се биле вклучени во овој грозен, валкан и одвратен чин за дискредитација и јавен линч на сопругот и татко ****************!

Бидејќи јавноста е премногу загрижена (за сеир), ќе биде информирана и понатаму”, пишува сопругата во врска со случајот.

Expres.mk не ја објави снимката ниту го објавува идентитетот на уценуваниот лекар кој јавно го открива неговата сопруга.