Солзи и благодарност од срце – Израелските лекари објавија потресно видео од мисијата за спас на повредените во Кочани

Израелските лекари кои дојдоа во Скопје да помогнат по трагедијата објавија потресно видео од мисијата за спас на повредените во Кочани.



Во видеото директорката на клиниката за пластична хирургија Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, низ плач им се заблагодарува на докторите од Израел, Чешка и Србија кои дојдоа во земјава за да им помогнат на нашите доктори по големата трагедија во Кочани.

„Сакам да ви се заблагодарам на сите што сте тука и ни помагате во оваа ситуација. Завршивте одлична работа. Ни го дадовте патот по кој треба да одиме, за да го направиме најдоброто за овие млади души и да им дадеме шанса да го видат светот“, вели Ѓоргиевска Павловска.

Потресното видео го објави израелската клиника Sheba Medical Center Global Impact, еден од водечките светски медицински центри. Израелскиот тим помогна во 35 процедури на пациенти во повеќе болници во Македонија.