Советничка од Карпош добивала закани дека ќе и биде силувана ќерката

На советничка од Општина Карпош по телефон ѝ се заканувале да престане да реагира за зградата што се гради зад поликлиника „Букурешт”. Заканите оделе дуру до таму дека ќе ѝ ја силуваат ќерката ако не, обелоденија од „О2 иницијативата“.

-Телефонски добиваше закани да престане да зборува и да бара поништување на дозволата за градба на зградата кај Воена болница, во спротивно ќе и биде силувана ќерката. Овие закани се пријавени во полиција, но за жал епилог нема”, рече Татјана Чакулев од „02 Иницијатива“.

Инаку денес беше промовирана платформата за борба на граѓаните и граѓанските здруженија. Со истата ќе може да се препознаат закони со ризици од корупција, со конкретни примери како граѓаните може активно да се вклучат во следење на овие процеси и како да пријават и реагираат до надлежните.


Извор: https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/sovetnichka-od-karposh-koja-se-boreshe-protiv-zgradata-kaj-voena-bolnitsa-dobivala-zakani-deka-ke-i-bide-siluvana-kerkata/