На пленарна седница денеска се очекува да бидат верифицирани имињата на новите 20 заменици министри.
Нивните биографии ќе бидат тема на дискусија каде власта и опозицијата ќе ги соочат аргументите за и против.
Елфет Исмаили ќе биде заменик министерското столче во одбрана,
Астрит Исеини ќе биде заменик во МВР,
Ален Дерабан во правда,
Неждет Мустафа во министерството за односи меѓу заедниците,
Зоран Димитриовски во МНР и надворешна трговија,
Викторија Трајков за Европски прашања,
Николче Јанкуловски во финанции,
Марјан Ристески во министерството за економија и труд,
Мирослав Лабудовиќ Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини,
Флакрон Беџети во земјоделство шумаство и водостопанство,
Јовица Андоновски – Здравство, Лулзим Алиу образование и наука,
Ѓоко Велковски социјална политика и демографија и млади,
Ерџам Селими Локална самоуправа,
Седат Сулејмани култура и туризам,
Радослав Настасиевиќ во дигитална трансформација,
Лазе Јаќимовски јавна администрација,
Калтрина Зеколи Шаќири во транспорт,
Ане Лашкоска Животна средина и просторно планирање, и
Сафије Садики Шаини во министерството за спорт.