Снајперист од Делчево ќе ја води елитната единица на МВР

Делчевецот Митко Даневски кој е долгогодишен член на Единицата за специјални задачи „Тигри“ ќе биде на чело на елитната единица на МВР која што се ангажира за најсложените безбедносни задачи.

Искусниуот специјалец кој има 42 години ќе биде одговорен за оваа единица чии членови се најчести жртви во безбедносните предизвици со кои се соочува Македонија.

Осум нејзини припадници загинаа во мај 2015 година за време на познатите „кумановски настани“.

Даневски е експерт за снајпери  а член на единицата станал една година по конфликтот во 2001. Според дел од неговите колеги се работи за професионалец со големо искуство и соодветни тренинзи во странство и во земјава.