Ако лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села и неговата партија во Струга се конфронтира со ДУИ и СДСМ владината коалиција нема никаква смисла.
Ова во објава на социјалните мрежи го тврди еден од најдобрите познавачи на политичките процеси во земјава Сефер Тахири.
Покрај поранешниот новинар а сега професор на Институтот за комуникациски студии (ИКС) Тахири и други аналитичари во албанскиот блок сметаат дека владините коалициони партнери требало да најдат начин да не се конфронтираат во Струга но и во другите општини каде што ќе дојде до политички судир на локално ниво меѓу владините коалициони партнери.
Една од опасностите за владината коалиција е евентуален судир на локално ниво меѓу припадници на ДУИ и членови на Алијансата на Албанците да се претвори во конфликт и во владата која што има кревко мнозинство од само 62 пратеници.