Откако денес попладне непознати лица го нападнаа неговиот дом во Атина, Микис Теодоракис билн неповреден, со добро здравје и многу поупорен во подготовките за утрешниот митинг, на кој треба да биде главен говорник во одбрана на името Македонија на централниот плоштад Синтагма.

Одговарајќи на новинарско прашање околу заканите што ги доби(ва) за да не зборува на митингот, Микис Теодоракис рече:

„Смирен сум и подготвен“.

На прашањето каква е неговата порака до луѓето, тој рече, „немојте да бидете измамени. Засилете ја волјата, лутината, решителноста и импулсивноста“.