Македонија поединечно била најголем извозник на вино во Словенија минатата година со речиси една третина од вкупното увезено количество во членката на Европската унија.
Станува збор за 3,26 милиони тони, со кои Македонија е пред Италија со 2,87 милиони тони, Унгарија со 1,66 милиони тони итн.
Според вредноста на увезеното вино во Словенија лани, пак, Македонија е трета со 2,87 милиони американски долари, зад Италија со 6,52 милиони и Франција со 6,20 милиони.
Увезеното вино од Македонија е трето најевтино со 0,88 долари за литар, зад унгарското со 0,60 долари и српското со 0,81 долари.