И со подмладен, практично, трет состав, Словенија ја победи Литванија со 31:28 во Вилнус и (ин)директно ѝ помогна на Македонија на патот кон ново учество на европските првенства во ракомет.
Со овој пораз, директниот конкурент на „црвено-жолтите“ остана со 6 бода пред гостувањето во Скопје во последното коло, а во меѓувреме избраниците на селекторот Кирил Лазаров, кои имаат 2, сами ќе си ја кројат судбината во битката за второто место, кое сигурно води на ЕП.
За тоа ќе им бидат неопходни две победи до крајот, и тоа утревечер од 18 часот кај отпишаната Естонија во Талин и в недела во истиот термин во арената „Борис Трајковски“, кога ќе мораат да слават над Литванците со повеќе од два гола разлика, за да надоместат за поразот од 29:27 во Вилнус.
Словенија веќе е на ЕП со максимални 10 бода досега.