Милан Звер, европратеник од Словенечка демократска партија (СДС), го информирал генералниот секретар на Европска народна партија (ЕПП), Антонио Лопез-Истуриз, за последните случувања во Македонија, барајќи реакција од најголемата партија во Европски парламент.
Словенечкиот европратеник побарал од првиот оперативец на ЕПП таа да влијае врз Европска унија, како соодговорна за состојбата во Македонија, според него, за таа да преземе акција.
Тој вчера имал и телефонски разговор со поранешниот македонски министер за надворешни работи Никола Попоски од сестринската ВМРО-ДПМНЕ, за што извести и на својот профил на „Твитер“.
„Многу загрижен поради настаните во Македонија. Социјалистичката влада незаконски притворила 6 опозициски пратеници. Тоа што го прави Заев потсетува на некои други времиња. На сликата среде разговорот со пријателот Никола Попоски. По разговорот во слушалката два пати слушнав повик за снимање. Зуења“, напиша Звер, кој е пратеник во Европски парламент од 2009 година како член на партијата на поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша.