Следната криза во Европа ќе почне на Балканот, судир меѓу ЕУ, Русија и Турција

Еден од највлијателните германски весници Ханделсблат предупредува дека Турција и Русија рапидно го зголемуваат своето влијание во Југоисточна Европа и го пренесува апелот на австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц кој бара ЕУ  брзо да го внесе Балканот во својата орбита.

Во изработка на анализата на Ханделсблат за Балканот учествувале тројца нивни дописници од Русија, Виена и Швајцарија.