Велат дека е најстарото слатко, дека потекнува од арката на Ное, го има во безброј варијации, а барем 50 нации сметаат дека Ашурето е измислено кај нив. Ние ви нудиме наједноставен рецепт кој бара најмалку ангажман, најевтино е, а ја постигнувате целта по два основа. Прво одлично се заблажувате, а второ внесувата јагленхитрати во најдобрата верзија.
Потребни состојки:
-500 грама пченица
-250 грама пченка
-шеќер
-цимет, ореви, суво овошје, бисквити
Подготовка:
Во сад со вода се ставаат пченицата и пченката, и се варат додека не дојдат до стадиум на пукање, а потоа се додаваат, по желба: шеќер, ореви, суво овошје, бисквити, но повеќето го сакаат Ашурето само со цимет.