Слатка мала – Ева Лонгорија

Ева Лонгорија е мала, моќна, убава и забавна, но недоволно висока. 

42-годишната актерка се најде во друштво на девојки со поголема  височина на забавата на Лореал на Канскиот фестивал. Кога таа застана покрај моделите Алексина Грахам, Џил, Марија Борхес, Бјанка Балти, Дозен Крос, Синди Бруна, Лара Стоун и Ирина Шајк, едноставно се загуби.

Лонгорија потоа се нарече сериозно кратка во фотографија на Инстаграм, каде што истакна дека и покрај високите потпетици од 13 сантиметри кои ги носела, сепак, не успеала да ги достигне главите на убавиците со кои беше опкружена.