Лидерот на партијата Достоинство Стојанче Ангелов смета дека законот за бранителите кој го предложила екс министерката за одбрана и сегашна пратеничка Славјанка Петровска е кукавичје јајце.
,,Убедливо мнозинство македонски граѓани и бранители ја препознава мојата искреност.
За мојот став за т.н. “закон за бранители”, според мене кукавичко јајце на пратеничката Славјанка, зборував во неколку мои итервјуа.
Подолу линкови со одговор на сите прашања.
Ве сакам сите. :)”, пишува во свој стил Ангелов.
Фразата кукавичје јајце е метафора за паразитизам односно кога некој сака да одгледува јајца во туѓо гнездо.