Славески: Се соочуваме со големи опструкции од Арсовска и администрацијата на Град Скопје

Се соочуваме со големи опструкции од страна на градоначалникот и администрацијата на Град Скопје при носењето и извршувањето на одлуки.

Ова вечерва го изјави претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески.

-По иницијатива на член на советот на Град Скопје и мислење на градоначалник, по петчасовна продуктивна расправа, беше усвоен заклучок со гласање од страна на мнозинството членови на совет со кој се задолжи градоначалник да изврши измени во одлуката за исплата на надоместокот за изминат километар на приваните превозници. Факт е дека од 2017 многу работи се променети и нивните барања се оправдани.

Во моментот на гласањето, ја молев службата да ги изброи гласовите, стоеја советниците, тоа може да се види од снимката, со кренати раце, тие имаа забрана да ги бројат. Не остана друго, туку јас самиот да ги избројам. Во меѓувреме советниците од СДСМ кажаа дека нема да прават кворум, ќе го растурат, не успеаја во тоа. Така што донесена е одлуката, истакна Славески.

Тој додаде дека чека од 17 часот во својата канцеларија да му се донесе на потпис заклучокот за да го проследи до градоначалникот Арсовска, но тоа се уште не се случило.

-Уште една опструкција, заклучокот не е донесен на потпис. Јас ќе продолжам да чекам, дециден е Славески.