Слабата реализација на инвестициите минатата година ги намали проекциите за економски раст

Слабата реализација на капиталните инцвестиции и слабите економски перформанси во последната година од власта на СДСМ и ДУИ ги влошија проекциите на Народната банка. Македонската економија ќе расте, но но побавно од она што е потребно. Според проекциуите на Народната банка годинава ќе ја завршиме со раст од 2,6 отсто, а наредната за 3,6%. Овие проекции на монетарната власт се различни од оние на Владата кои за годинава се позиционирани на 3,4%, но и пониски од есенските проекции на Народната банка за раст од 3%, пренесува ТВ Алфа.

Послабиот раст минатата година особено послабите реализации на инвестиции при кои беше регистриран пад од 16,7 отсто , понатаму послаби остварувања во првиот квартал, од оваа година надолна ревзија на растот на нашите најзначајни трговски партнери и побавна реализација на јавните инфраструктурни проекти, рече Анита Бежовска Ангеловска – гувернер на Народна банка

Според пролетните проекции, инфлацијата ќе го задржи трендот на намалување, па за 2024 година се очекуива стапка од 3,5 отсто, а на среден рок  односно  во 2025-2026 се очекува да се сведе на историскиот просек од 2 отсто.   Ризиците во економијата сеуште постојат, а тоа се во најголема мера геополитичките случувања, цените на енергенсите како и регулацијата на маржите.
Извор : https://alfa.mk/nbrm-godinava-ekonomijata-ke-porasne-za-26-dodeka-slednata-ke-zabelezhi-rast-od-36/