Скопјенец „шверцувал“ над сто пакувања кокакин и хероин

Над 100 различни полиетиленски пакувања наркотична дрога кокаин со вкупна количина од 161,29 грама, како и уште 25 пакувања хероин со вкупна количина од 44,01 грама откриле на 16 декември полициски службеници на улицата „Архимедова“ во Скопје.

Тие запреле за преглед автомобил во кој се превезувал осомничениот.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот 24-годишен скопјанецец поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.