Скопје вечерва забележа значително подобрување на квалитетот на воздухот, со AQI (индекс на квалитет на воздух) од 44 mg/m³, што го класифицира како воздух од категоријата „прифатлив“ за дишење. Според светската листа на 123 земји, македонскиот главен град се најде на 86-то место, далеку од врвот на загадените градови.
Најзагадени градови во светот се Делхи во Индија, Каиро во Египет и Мумбаи исто во Индија. Во Европа, денеска Букурешт има најзагаден воздух и е на 16. место со вредност од 134 единици, далеку пред Милано во Италија кое е на 39. место и Киев на 41 место.
Ова е редок позитивен момент за жителите на Скопје, кои често се соочуваат со високо ниво на загаденост, особено во зимските месеци. Граѓаните изразуваат надеж дека некогаш трендот на подобрување ќе има, со посебен фокус на мерките на Градот Скопје и Општините во него за редуцирање на емисиите од индустријата, сообраќајот и домаќинствата.
Планот на владата за намалување на аерозагадувањето на долг рок е гасификација а во меѓувреме тврдат дека институциите вршат контроли на терен за намалување на загаденоста.
Според последниот извештај на Светската банка, во Македонија годишно умираат скоро 3000 луѓе од здравствени компликации предизвикани од загадениот воздух. Лекарите им препорачуваат на граѓаните кога воздухот е загаден при излегување надвор да носат заштитна маска или шал.