Компанијата Скопски Пазар бара бришење на вест во која е објавена врската меѓу управителот и моќна членка на Судскиот Совет која бира судии што суделе во предметот вреден 700 илјади евра.
Скопски пазар во допис до Expres.mk бара повлекување на вест во која се зборува за поврзаноста на Весна Дамева и управителот на Скопски Пазар нејзин сопруг во Случајот Скопски Пазар.
Компанијата најавува покренување на постапка за утврдување на професионална и граѓанска одговорност за Expres.mk доколку не ја повлече веста за врската меѓу Дамева и нејзиниот сопруг, и со судии во Апелација и граѓанскиот суд кои одлучуваат во предметот вреден 700 илјади евра.
Expres.mk го задржува правото да одговори на заканите од Скопски Пазар.
Целиот допис од Скопски Пазар кој изобилува со нивни ставови, анализи и доживувања на процесот кој трае со години во кој новите газди бараат одговорност и пари од старите сопственици за дела за кои според одлуката на Врховниот суд нема правна основа да бидат гонети.
Поврзана содржина
Судијка чија кариера зависи од членот на РСС Дамева по кратка постапка одлучува позитивно за нејзиниот сопруг