По трагичниот маскр во Цетиње, Црна Гора, во кој загинаа 12 лица, а 4 се тешко ранети, претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска упати сочувство до семејствата на загинатите и повредените.
„Упатувам најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските погодени од трагичното масовно пукање во Цетиње, Црна Гора.
Моите мисли се со жртвите, нивните семејства, народот на Црна Гора и сите оние кои беа погодени во ова неверојатно тешко време“, објави претседателката Сиљановска Давкова.