Сите незатворени балкански спорови

Списокот на отворените балкански спорови е малку подолг и се влече 20 години по завршувањето на војните на просторите на поранешна Југославија.

Хрватска и Словенија, кои се веќе членки на ЕУ, не можат да се договорат за нивната поморска граница (во Пиранскиот залив – н.з.) а тоа, како што рече Јункер во понеделникот, би можело да го забави поширокото проширување на ЕУ кон Западен Балкан.Хрватска, исто така, има отворени разговори за границата со Босна, Црна Гора и Србија, потсетува ЕУОбсервер.


Косово се согласи на разграничување со Црна Гора, но Приштина сега одбива да го почитува овој договор и во парламентот да го ратификува договорот за демакркација, од причини што одредени политички партии, како „Самоопределување“ на пример, тврди дека Косово на овој начин би се откажало од 800 хектари територија на сметка на соседната Црна Гора.

Експрес.мк деновива напиша дека од сите балкански држави само Македонија нема отворени спорови околу границите.

За Македонија е познато: спорот спорот за името меѓу Македонија и Грција може да се реши до јуни, пишува ЕУОБсервер со потсетување дека Грција ги блокираше преговорите за влез на Македонија со ЕУ и НАТО за цела една деценија, со образложение дека името “Македонија“ имплицира (претензии – н.з.) кон грчкиот регион со исто име.

„Имаме прозорец на можности“ за решение изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во понеделникот, а македонскиот колега  изјави дека верува „дека има шанса до крајот на средината на 2018 година да најдеме решение“.

Балканската агенда на Јункер се одвива во рамките на шестмесечното бугарско претседателство со ЕУ, кое започна на 1-ви јануари.

ЕУ ќе одржи самит за Западен Балкан на 18-ти мај во Софија – на 15-годишнината од претходниот Самит во Порто Карас, Грција, кога земјите-членки на ЕУ први ветија дека ќе го преземат регионот.

„Ние ќе одлучиме … во следните осум, девет месеци како да продолжиме со секоја од овие земји“, изјави портпаролот на Јункер во понеделникот.

Плановите на Јункер исто така се обликуваат во контекст на зголемена руска активност во регионот, зашто Русија ги преплавува балканските медиуми со анти-ЕУ пропаганда.