Политичката партија Унија на центристи излезе со соопштение во кое тврди дека трите најбројни партии во Парламентот на Грција, владеачката СИРИЗА и опозициските Нова демократија и ПАСОК, постигнале согласност за името на северниот сосед да биде „Nova Macedonia“.



„Се зацврстува перцепцијата дека СИРИЗА, Нова демократија и ПАСОК се согласија во името да биде содржан зборот Македонија, посебно согласувајќи се за ‘Nova Macedonia’. Партијата Унија на центарот смета дека овој пакт значи непочитување на 500.000 Македонци, кои учествуваа на митингот во Солун. Тие на 4 февруари ќе добијат уште погласна шлаканица на митингот во Атина, а потоа сакаме да видиме што ќе направат ‘папагалите’ и новинарите ‘адвокати’ кои даваат сè од себе со цел да им се даде името на Скопјаните, без оглед на сите последици“, стои во соопштението на партијата објавено попладнево.

Унија на центристи е партија со седум пратеници во грчкиот Парламент со 300 места, а нејзиниот лидер Василис Левентис, кој на 7 јануари излезе со тврдењето дека новото име на северниот грчки сосед ќе биде „Нова Македонија“, напишано во македонска верзија, без англиска транскрипција.