Хантер Бајден, син на актуелниот американскиот претседател Џо Бајден, се изјасни за виновен по сите девет обвиненија за затајување данок, пренесува „Ројтерс“.
Овој изненадувачки потег му дава можност да го избегне процесот неколку недели пред претседателските избори во САД.
Американците ќе избираат на 5 ноември меѓу потпретседателот Камала Харис, демократ и поранешниот републикански претседател Доналд Трамп.
Џо Бајден ја повлече својата кандидатура за реизбор во јули под притисок на неговите колеги демократи.
Пред ова тој беше категоричен дека доколку биде избран нема да му го прости гревот.
Бајден беше изведен пред федералниот суд во Лос Анџелес по кривична пријава за неплаќање данок од 1,4 милиони долари.
Судијата Марк Скарси му рекол на Бајден дека очекува затворска казна до 17 години и санкции до 450.000 долари. Тоj најави дека ќе ја изрече пресудата на 16 декември.