Силјановска: Овој резултат е неверојатно инспиративен за мене, немам зборови со кои можам да ја изразам благодарноста

Убедливиот лидер по првиот круг на претседателските избори во Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, не го криеше задоволството од резултатите.

„Горда сум на граѓаните, не само на оние што гласаа за мене, горда сум на ВМРО-ДПМНЕ кои ми овозможија да ги запознаам граѓаните на терен, горда сум на конкурентите, со кои го зачувавме нивото во кампањата, горда сум на коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа секаде околу нас на терен. Посебно сум горда на жените во Македонија, тие беа мојата инспирација, мислам дека и јас бев нивна. Редно е ова општество да го искористи женскиот потенцијал.

Јасно ми е дека овој резултат е неверојатно инспиративен за мене. Немам зборови со која можам да ја изразам благодарноста

Од првиот ден ќе почнам да го остварувам она што го ветувам на мој начин.

И во вториот круг ќе се однесувам со должна почит со оној со кој треба да се натпреварувам. Треба да ги увериме граѓаните дека вреди да се учествува на избори“, рече таа во обраќањето од изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.