Со кратка порака на Фејсбук се јави ослободениот од притвор Игор Дурловски кој повеќе од 45 дена беше во притвор како осомничен за настаните од 27 април.
Оперскиот пејач заедно со 35 други граѓани беше во притвор како осомничен за терористички дела против државата а беше ослободен откако јавното обвинителство под притисок на јавноста се премисли и побара тој да биде пуштен во домашен притвор.
“Дома” напиша ноќеска Дурловски на својот профил на кој сподели истоимена класична нумера.