Мандатарот за формирање нова влада на Република Македонија Зоран Заев денеска разговара со идните коалициски партнери. Со нив преговара за активно улество, или како во случајот со Билал Касами од Беса за делумна поддршка, па и за во министестерскиот состав.
Заев попладнево во Скопје рече дека причина за одложувањето на составувањето влада е тоа што тој нема да успее да стаса да ги заврши сите обврски, и да бидат усогласени ставовите во неговата партија, но и во сите други од албанскиот блок. Најавата од претседателот на СДСМ е дека предлог влада би можело да има во понеделник иако се може да се пролонгира и до вторник или среда, по што во забрзан процес се ќе се префрли во собранието.