Свештеници на Македонската православна црква и имами на Исламската верска заедница, како и млади христијани и муслимани, за прв пат одиграа меѓусебен фудбалски напревар. Овој несекојдневен фудбалски меч има повеќе од сортско значење.
Целта е да се демонстрира меѓусебна почит и да се испрати јасна порака пред се до младината во Македонија, дека верските разлики можат да обединуваат и дека вистинските верници почитувајќи ја својата вера, ја почитуваат и верата на раазличниот од себе.
Фудбалскиот наптпревар беше дел од емисиите од серијалот „На Иста Страна“, кој се емитува секоја сабота на ТВ СИТЕЛ од 11 часот.
За овој наптпревар, кој се играше во спортската сала во Лешок, поповите и оџите дојдоа од Тетово, Скопје, Гостивар.
-Покажавме дека сме во добра кондиција и како верски заедници таа кондиција ја користиме за водење на работите. Постигнавме и двете екипи голови и тие голови им ги посветуваме на оние кои имаат предрасуди и не го сакаат соживотот, вели Муарем Вејсели, од ИВЗ.
Овој фудбалски напревар беше дел од емисијата за религијата и спортот, со фокус да тоа дали младите можат да ги разберат заедничките вредности?
Колку е спортот силна алатка за зближување на луѓето најдобро покажа европската шампионска титула на Вардар која што ги зближи сите во Македонија без разлика на националната и верска припадност (читај тука)
Погледнете ја целата емисија..
https://www.facebook.com/naistastrana/videos/1370886709614001/