Министерството за внатрешни работи ги приведува сите кои на каков било начин се поврзани со организацијата на концертот во дискотеката во Кочани кој беше прекинат поради голем пожар што изби и во кој, има десетици загинати и повредени.
МВР активно работи на утврдување на причините за трагедијата, додека во тек е испрашување на сведоци и одговорни лица.
Причините за пожарот во познатата дискотека Пулс засега е засега е непознат.
Пожарот избил околу 03 часот за време на концертот на ДНК.
Противпожарни екипи од сите градови во источна Македонија се на терен, болницата во Кочани е преполна со повредени лица и на социјалните мрежи се забележливи апели за помош.
Граѓани на социјални мрежи повикуваат секој кој е во можност да се упати кон Кочани и да помогне.
.