Исламскиот радикализам на Балканот е реална закана која што се преувеличува, тврди лондонскиот Меѓународниот Институт за статегиски студии (ИИСС) кој ги анализира безбедносните опасности за регионот.
Според ИИСС околу 780 луѓе од западниот Балкан досега заминале да се борат во Ирак и Сирија од 2012 до 2016 година од кои 300 борци се од Косово а 200 од Босна и Херцеговина.
Инситутот ги отфрла тврдењата на неколку меѓународни организации кои објавија дека Босна и Косово извезуваат најмногу милитанти од сите европски земји според бројот на жители. Според ИИСС заканата од исламски тероризам на Балканот не е толку голема како во Франција, Британија или Белгија.