Се повеќе индиции дека МВР под Спасовски создало вештачка криза со пасоши и лични карти

Се повеќе индиции дека МВР под раководство на екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски создало вештачка криза со пасоши и лични карти.

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски кој за нецели 2 месеци успеа да реши огромен дел од проблемите во овој дел се чуди зошто две функционални базни станици во Скопје не биле ставени во функција за да се надмине кризата со пасошите и личните карти.

,,Од вчера, 20.03.2024г. во пунктот БЕКО ставени се во функција две дополнителни базни станици за фотографирање за лични документи и уште една која во наредниот период ќе се користи за одобрување на барањата.

Останува нејасно зошто овие базни станици, иако биле функционални, сепак не се користеле од страна на службите во изминатиот период”, прашува Тошковски кој досега не добива одговор ниту од Спасовски ниту од неговиот шеф на кабинет Митко Бојмацалиев кој сега е дополнителен заменик министер за внатрешни работи.