Се плаши ли Џафери-„Командант Форина“ од отворањето на „Хашките случаи“, тврдејќи оти се „завршена историја“?!

„Хашките случаи се решени на законски начин и таа историја заврши.“ – изјави во Тетово техничкиот премиер Талат Џафери, одговарајќи на новинарски прашања во врска со препораката на Советот на Европа за отповикување на Законот за амнестија од 2011 година и за процесуирање на четирите Хашки случаи. Ова го јави ТВ Клан Македонија.

ТВ Клан Македонија пишува: „Тоа прашање е завршено во контекст на законската регулатива и ситуацијата во земјата. Таа историја заврши, закон ите се усвоени.“ – рече Џафери.

Демократскиот сојуз на Павле Трајанов во петокот поднесе до Уставниот суд иницијатива за отстранување на законските пречи, за да се овозможи продолжување на постапката за четирите хашки случаи – „Раководство на УЧК“, „Липковска брана“, „Гробишта во Непроштен“ и „Работниците на ‘Маврово’. Во својата иницијатива Павле Трајанов бара да се поништи автентичното толкување на членот 1 од Законот за амнестија, со кој е прекината постапката за четирите Хашки случаи.

Според Трајанов, ова толкување е спротивно на Уставот, на Кривичниот законик и на Женевските конвенции, кои дефинираат дека злосторствата врз цивили не застаруваат.