На 29 -ти овој месец Врховниот суд на Република Македонија ќе ја разгледа жалбата на обвинетите за случајот “Монструм” во кој им се судеше на луѓето што ги убија четирите младинци од Радишани и рибарот од Црешево.
Осудените за масакрот на Велики Четврток од кои двајца сеуште се кријат на Косово кое одбива да ги екстрадира сега бараат Врховниот суд да ја разгледа жалбата против одлуката на Апелациониот суд за петкратното убиство кај Смилковско езеро.
Врховен одлучува во однос на жалбата на одбраната за пресудата за доживотен затвор за обвинетите, која претходно ја потврди и второстепениот суд. Во соопштението на судот се вели дека рочиштето ќе биде отворено за јавноста.
Пред околу три години, шест од 7 обвинети за петкратното убиство се осудени на доживотен затвор под обвинение за тероризам.
За време на изборната кампања лидерот на СДСМ а сега премиер Зоран Заев најави ревизија на дел од обвиненијата во случаите Монструм, Бордец, Куманово и Сопот во кои беа обвинети и осудени десетина припадници на албанската заедница во Македонија.