Се одложува воведувањето на правилата за влез во земјите на ЕУ 

Новиот систем ЕТИАС, со кој државјани на 50 земји, меѓу кои и Македонија, нема да им е потребна виза за влез во земјите од Шенген зоната, се одложува, без да биде прецизирано до кога.

ЕУ прво ќе го воведе системот ЕЕС, а потоа и системот ЕТИАС, но датумот останува непознаница. Системите ЕЕС и ЕТИАС имаат за цел да ја зајакнат безбедноста и да ги забрзаат процедурите за влез во ЕУ.

Со новиот систем, секој граѓанин кој ќе сака да влезе во земја од ЕУ, својот влез го најавува он-лајн.

Првиот систем EEC (Entry/Exit System), кој е автоматизиран ИТ систем за регистрирање на државјани кои не се членки на ЕУ и кои патуваат на краток престој, односно транзит на која било од земјите членки. Од овој систем првично ќе бидат исклучени Кипар и Ирска кои и натаму ќе ставаат печати во пасошите на патниците.

Откако ќе почне да функционира ЕЕС, ќе биде воведе и ЕТИАС систем со кој е предвидено државјаните на земјите кои не се дел од Европската унија да аплицираат онлајн за влез во зоната. Според досегашните најави, барањето за влез, во кое патникот ќе мора да наведе низа детални информации за себе и намената за која патува, ќе се наплаќа 7 евра и доколку е прифатено, ќе важи три години.

За секое пријавување ќе треба да се плати надомест од 7 евра, исто така онлајн. Од плаќање на надоместокот се ослободени лица под 18 и над 70 години возраст, како и членови на семејство на државјани на ЕУ или на лица кои имаат регулиран престој во ЕУ.

Најавеното воведување на системот, требаше да почне со примена во ноември 2024 година. Потоа се одложи за првата половина од оваа 2025 година, но сега не е прецизирано за кога е планирано воведувањето на системот.