Според Индексот на одржливост на граѓанските организации во Централна и Источна Европа и Евроазија за 2016 годинна се намалува моќта на невладиниот сектор во Македонија.
Македонија заедно со Русија и Унгарија според Американската агенција за меѓународен развој е меѓу земјите каде што по долги години напредок може да се види влошување на виталноста на граѓанскиот сектор.
Во извештајот кој ја опишува состојбата во 2016 година и покрај тоа што во дел од земјите се намалува моќта на невладините организации тие учат нови начини како да се борат за јавниот интерес, да мобилизираат граѓани и да најдат пари за своите активности.
Добар пример за тоа се протестите во земјите каде што владите се обидуваат да го намалат просторот за невладиниот сектор како Полска, пишува во извештајот на УСАИД.
Според извештајот најдобро земја со најдобар НВО индекс е Естонија, по неа Полска по која следат Летонија, Чешка, Словачка и Литванија.
Капацитетот на невладините организации е најмал во Белорусија, Туркменистан, Узбекистан и Азербејџан.
Годишниот извештај на УСАИД содржи информации за 29 земји од Централна и Источна Европа како и од Евроазија.
Во Македонија годинава дополнителен удар за невладиниот сектор е влезот на невладини активисти во новата влада каде што видни членови на антивладиното движење од минатите години се ангажирани најчество во делот за комуникации и односи со јавност.