Претежно сончево и топло време со слаб до умерен ветер од северен правец и УВ фактор 9, предвидуваат метеоролозите за денеска..
Минимална температура ќе се движи од 10 до 20 степени, а максималната температура ќе достигне до 39 степени.
Утре се очекува покачување на температурите до 40 степен, сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со температура од 18 до 39 степени.