Се бара притвор за кумановецот кој запали три автомобили и еден објект

 

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 35-годишно лице поради продолжено извршување на „тешки кривични дела против општата сигурност“.

Откако претходно набавил бензин во пластични шишиња од бензинска пумпа во Куманово, тој на 2 декември намерно предизвикал пожари на повеќе локации во Куманово, при што изгорел три патнички автомобили и фотокопир лоцирани во станбена зграда“, се наведува во соопштението.Обвинителство.

Се истражуваат мотивите за извршување на делото, но исклучена е меѓуетничка нетрпеливост. Досегашните докази не укажуваат на вмешаност на други лица.

Јавниот обвинител синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот суд Куманово достави предлог за определување мерка притвор на осомничениот, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело.